Ние сме посветени кон изнаоѓање
на победоносни стратегии

Со нашето знаење и искуство до заеднички достигнувања

Години на искуство

Листата на клиенти кои ги советувавме при нивните најголеми и најистакнати спојувања и превземања е голема

Поседуваме знаење и вештина

Компанијата поседува одлично познавање на регионот, како и искуство од меѓународни рамки. Сето ова е од голема испомош при подготовката на севкупните финансови решенија

Глобале домет

Досегашните стекнати искуства ни асистираат во достигнување на глобалната визија

КОМПАНИЈА КОЈА Е ПОСВЕТЕНА КОН
ИЗНАОЃАЊЕ НА ПОБЕДОНОСНИ СТРАТЕГИИ

ИЛИРИКА

ИЛИРИКА претставува една од водечките финансови претпријатија во областа на превземање на компании на територијата на Словенија и Југоисточна Европа. Преку многубројни успешно заклучени трансакции и деловни активности компанијата се стекна со широк спектар на професионално знаење и искуство кое пак, вистински асистира при обезбедување на комплетно персонализирано решение за секој клиент поединечно. Компанијата поседува врвно познавање на регионот, како и на меѓународниот пазар - и оттаму поседува моќ да обезбеди консултација при купување или продажба на компании, како и за можности за финансирање на капиталниот пазар и други сеопфатни финансови решенија.

КОНСУЛТАЦИИ ПРИ СПОЈУВАЊА
ИЛИ ПРЕВЗЕМАЊА НА КОМПАНИИ

ИЛИРИКА

Превземањето на некоја компанија е клучна стратегија која влијае врз зголемување на порастот на самата компанија, врз побарувањето низ можностите на пазарот, како и врз искористување на можностите кои ги нуди економијата од размер. Доколку во процесот селектирате и консултант кој поседува искуство, тогаш процесот на превземање на компанија станува полесен, а се зголемуваат и шансите за успех. Степенот на стекнатото професионално знаење, како и долгогодишното искуство кое го поседува ИЛИРИКА, помага во идентификацијата на таргет компаниите како и во навременото проследување на информациите за нашите клиенти и понатаму резултира со успешен крај на официјалниот процес на превземање.

КОНСУЛТАЦИИ ПРИ
ПРОДАЖБА НА КОМПАНИИ

ИЛИРИКА

Вршиме консултации наменети за сопствениците на оние компании (бизниси и средства) кои се во план да бидат продадени, и тоа од структуирањето на процесот на продажба и подготовката на целовкупната документација, до пребарувањето на стратешки и финансови инвеститори, подготовката на сите потребни податоци, спроведувањето на преговори со потенцијалните купувачи, како и финализирањето на продажбата.

ОСТАНАТИ ФИНАНСОВИ РЕШЕНИЈА

ИЛИРИКА

ИЛИРИКА за своите клиенти нуди сеопфатен избор на финансови услуги кои подразбираат исклучување на малцинските акционери, издавање на обврзници и комерцијални записи, длабинска анализа, воведување на компаниите во самата берза, рекапитализација на самата компанија, нејзино реструктуирање и слично.

СО ДОВЕРБА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ КОМПАНИИ

ИЛИРИКА

Во период од над 20 години компанијата воспостави контакти со некои од најреномираните светски и регионални компании и успешно ги консултира во комплетната реализација на нивните проекти за спојување и превземање.

КОМПАНИЈАТА ЈА РЕАЛИЗИРА ГЛОБАЛНА ВИЗИЈА
ПРЕКУ СТЕКНАТОТО ЛОКАЛНО ИСКУСТВО

ИЛИРИКА

Дали размислувате за купување или за продажба на компанија?

Успехот на едно превземање или пак, успехот на една продажба - зависи од изборот на правото лице за советување. Единствено вистинската комбинација на адекватно превземање или на соодветната продажна стратегија и длабокото познавање на оваа гранка на делување може да обезбеди врвен резултат.