Во случај на различни форми на поврзување и спојување на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност со други странски берзи, ограничувачките одредби на член 14 ставови 3, 4, 5, 6 и 7 од Законот за девизно работење нема да се однесуваат за вложувањата на резидентите во хартии од вредност на тие берзи. По истекот на втората етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, одредбата на член 23 став 2 од овој закон ќе престане да важи. Од 29.03.2016 година беше официјално презентирана платформата SEE LINK за тргување помеѓу Македонската, Загребска и Бугарската берза, со што се даде можност македонските резиденти да тргуваат и на овие две берзи и на други берзи кои во иднина ќе се приклучат на оваа платформа.